Моќта на позитивното размислување

Форевер

Позитивното размислување се дефинира како умствен и емоционален став кој секогаш очекува позитивни резултати. Личноста со позитивен начин на размислување зема здраво за готово дека го очекува среќа и дека секоја евентуална тешкотија може да се надмине.

Лесно е човек да се замисли како негативен или неутрален и да се извлекува со изговорот „јас едноставно сум таков“. Но вистината е дека позитивниот став е нешто што можете да го негувате во себе и да го направите дел од вашата суштина и живот.

Умот опседнат од негативни мисли, чувство на неуспех, вознемиреност и одбивност кон себе си – тоа се фактори кои често водат до ситуации кои се одвиваат токму така, како што најмногу се плашиме. Сепак, некако потешко ни е да разбереме на каков начин спротивниот крај на спектарот – позитивниот пристап може да ни биде корисен. Визуелизирањето на позитивниот исход и верувањето дека тој е можен, се предуслови за негова реализација. Но, дури и да не се реализира, ако го гледаме како шанса да се усовршиме (наместо да се јадосуваме), ќе можеме да продолжиме напред и да се приближиме уште малку до она што се надеваме да го постигнеме. Многумина сметаат дека среќата е резултат од успех, но зарем успехот всушност не е резултат на среќата?

Барбара Фредериксон, истражувач во областа на позитивната психологија на Универзитетот во Северна Каролина, спроведе експеримент за да проучи каков ефект може да има предизвикувањето на позитивни емоции врз луѓето. Открива дека учесниците кои чувствувале радост и задоволство, можеле да си претстават иднина исполнета со многу поголем потенцијал, наспроти луѓето кои беа исполнети со мрачни мисли. Нејзиниот експеримент покажува дека позитивното размислување ни дава надеж во дадена ситуација, а со надежта доаѓаат можностите кои пак го отвораат умот – и така човек полесно усвојува нови вештини. Фредериксон ова го нарекува Теорија „Рашири и надгради“. Обично позитивно настроените луѓе одат со исправена глава и зрачат со самодоверба, но усвојувањето позитивен став може да ни помогне и да добиеме вештини кои ќе ни бидат од корист низ целиот живот. На пример, оптимистот се обидува да подобри дадена ситуација со изнаоѓање решенија – основна вештина во многу професии. За разлика од него, песимистот е посклон да се задржи во проблематичните ситуации или да ги игнорира, што обично води до продолжителен стрес или уште полошо – до депресија.

Животот секогаш нѐ исправа пред тешкотии, но исходот зависи од начинот на кој се справуваме со нив. Ако имаме верба и гледаме на ваквите случки како на лекција и можност за раст, тоа ќе влијае позитивно на нашето физичко и психичко здравје. Сузан Сергерстром, друг истражувач во областа на позитивната психологија, потврдува: „Генерално, оптимистите се психички и физички поздрави.”

Истражувањата на Сергерстром разгледуваат како луѓето пристапуваат кон одредени ситуации во животот. Таа открива дека кај по-оптимистички настроените, имунолошкиот одговор е посилен отколку кај оние што размислуваат негативно. На истиот начин, според клиниката „Мајо“ оптимистите обично живеат подолго, бидејќи имаат помалку здравствени проблеми предизвикани од стрес.

Без оглед дали верувате или не, сакаме да ве предизвикаме – обидете сѐ да сте позитивни. Сведете го негативниот самоговор на минимум и видете како промената ќе се одрази на целокупната состојба. Ќе бидете пријатно изненадени!

Пробајте го ова…

Нашите бележници брзо се преполнуваат – закажуваме средби, разговори, обуки и т.н. Но што се случува со забавата? Активно обидете се да одвоите време за себе. Ќе се изненадате каков ефект може да има тоа!

Дали знаете дека…?

Афирмациите ќе ви помогнат да си изградите самодоверба. Закачете афирмации низ вашиот дом и ќе видите како расте вашата самодоверба. Обидете се да се конкретни и напишани во сегашно време.

Како луѓето ве доживуваат?

Ставовите се заразни и луѓето околу вас ги чувствуваат вибрациите кои ги зрачите. Негативните луѓе не се пријатно друштво, затоа погрижете се да не ја цицате животната сила и на луѓето околу вас!

Дванаесет совети за позитивна перспектива:

  1. Напишете сѐ за што сте благодарни
    Така ќе гледате на работите на друг начин и благодарноста ќе почне да станува инстинктивна реакција.
  2. Опкружете сѐ со позитивни луѓе
    Расположението ќе ви се подобри и нивното однесување ќе ве зарази и вас.
  3. Грижете сѐ за себе си
    Ако се храните добро, се движите и доволно одмарате, ќе се чувствувате поздрави и физички и психички.
  4. Бидете одговорни за вашите постапки
    Наместо да ја преземете улогата на жртва, обидете се да ја преземете контролата врз вашиот живот и учите од вашите грешки.
  5. Помагајте
    Неверојатно е каков ефект на начинот на размислување може да има волонтирањето и помагањето на другите.
  6. Делете комплименти
    Ако го правите редовно (и искрено), ќе си создадете инстинктивна навика да го „барате доброто“.
  7. Читајте инспиративни книги и статии
    Читањето позитивни материјали ќе ви го промени начинот на размислување и постепено ќе ја наклони вагата во корист на позитивното.
  8. Размислете за последиците
    Ако очекувате дека ќе потфрлите во нешто, голема е веројатноста навистина да стане така. Не се подготвувајте за неуспех!
  9. Одете кон целта
    Тоа ќе ви помогне да го задржите фокусот и ќе ве мотивира да ги надминете пречките.
  10. Забележете ја вашата негативност и заменете ја
    Признајте си кога сте негативно расположени и заменете ги тие мисли со нешто покорисно.
  11. Практикувајте, за да се усовршите
    Горенаведените работи нема да се случат за ден-два, затоа не престанувајте да ги следите нашите практични совети.
  12. Не се откажувајте
    Бидете упорни, порано или подоцна ќе успеете!

Споделете со пријатели:

Нагоре