Продажбите на мало се многу важни

Форевер

За да имате успех во продажбите на мало потребни ви се две основни вештини – да наоѓате клиенти и ефективно да комуницирате. Еве неколку совети како да ги придобиете.

Наоѓање на клиенти

Прашајте го секого што разбира продажби, и тој ќе ви каже дека ако зборувате со доволно многу луѓе, ќе најдете клиенти. Но, како точно го правиме тоа? Едноставно ги прашуваме сите кои ги познаваме и среќаваме дали би биле заинтересирани за она со кое се занимаваме ние. Обидете се да не пропуштите ниту една можност. Некои ќе бидат заинтересирани за бизнисот, други за производите. Потрудете се да правите по три средби на ден и запишувајте ги резултатите по патот кон целта.

Што предизвикува интерес кај клиентите?

Ако им одземате од нивното време, треба да им објасните што добиваат! Тука не станува збор за состојките на производите, туку за она што клиентот може да очекува да почувствува кога ќе ги користи. Прашајте: „Дали сакате да научите повеќе за…?” или „Ќе ви предложам нешто што би можело да ви помогне, дали сакате да пробате?” Предлагајте лична консултација, слушајте го тоа што клиентот го споделува за да сте му од максимална помош.

Што го тера клиентот да купува?

Кога клиентот ќе разбере што добива и верува дека може да ги добие посакуваните резултати, тој ќе порача. Не треба да имате стручни познавања за производите или да сте најдобриот продавач на светот, доволно е да сте добар раскажувач на искуства. Тајната на ефективните продажби е во учество на клиентот. Покажете го производот, на пример втријте АЛОЕ ВЕРА ЖЕЛЕ на задната страна на раката, за да почувствува сам како алоето продира во кожата, намачкајте го лактот со малку АЛОЕ ЛОСИОН ЗА РАЗЛАДУВАЊЕ или пак нанесете ХИДРАТАНТЕН АЛОЕ ЛОСИОН на неговата рака. Нека го проба ГЕЛОТ ЗА ЗАБИ за да почувствува колку добро ги измива забите и ги освежува. Кога клиентите ќе разберат дека производите вредат, ќе си ги купат. Обично одлуката за купување се донесува емотивно, затоа секогаш имајте залиха од лично искуство со производите или од искуства на соработниците од вашиот тим.

Вештини за комуникација

Клиентите не се замараат колку знаете, сѐ додека не разберат колку се грижите за нив. Повеќето луѓе сакаат да зборуваат за себе, а тоа важи и за клиентите. Затоа внимателно слушајте што ќе ви раскажат и поставувајте им прашања. Обидете се да одредите што им тежи и предложете им решение. Понудете им избор, велејќи „Дали сакате да го пробате тоа?” или „Да ви го порачам овој производ?” Давањето избор го олеснува целиот процес и го издвојува од традиционалните продажби. Приговорите се во ред. Ако се должат на недоразбирање, прашајте дали можете да објасните. Ако клиентот има објективна причина да го отфрли производот, прифатете му ја одлуката, за да сака повторно да зборува со вас.

Ако ги прашате искусните сопственици на Форевер бизнис како да станете подобри во продажбите на мало, тие ќе ви одговорат – практика, практика и пак практика. Впивајте ги како сунѓер советите на луѓето со повеќе искуство.

Искористете ја максимално секоја можност!

Споделете со пријатели:

Нагоре