Тајните имунолошки агенти

Врз основа на материјали од презентација на Холи Стаут

Навлегуваме во сезоната на настинки и вируси, децата тргнаа на училиште и детска градинка и распространувањето на штетните микроорганизми нагло се зголемува. Сега е моментот да размислиме дали нашите одбранбени механизми се подготвени за претстојните предизвици.

Форевер нуди производи за таргетирана поддршка на имунитетот, кои добро ги познаваме и по кои посегнуваме кога нерасположението веќе е факт - ФОРЕВЕР ИМУБЛЕНД, Абсорбент-C, Пчелен прополис, Лук и мајчина душичка. Но, пристапот да се сеќаваме за сите нив кога ќе почувствуваме дека грлото ни е надразнето, кога шмркаме или сме малаксани, не е секогаш оптимален. Треба да го чуваме здравјето додека сме во добра форма, а за тоа Форевер ги има своите имунолошки агенси. Тие ни од далеку не се првите кои нѝ паѓаат на ум кога размислуваме за одбранбените сили на телото, но како што сподели во нејзината обука кај нас на почетокот на септември неверојатната Холи Стаут, секој од нив има улога за потхранување на организмот со нутриенти и поткрепува важни негови функции поврзани со неговата заштита од надворешни агресори.

Вашиот имунолошки систем

Нашите сопствени одбранбени сили се борат со секој микроб и се најдобриот чувар на нашето тело. Терминот „систем“ значи дека имунитетот се состои од различни компоненти кои синхронизирано работат за поддршка на доброто здравје. Од физичките бариери кои ги спречуваат патогените да проникнуваат во организмот, преку неспецифичната реакција на неговиот вроден имунитет со широк опсег на клетки со различна функција до специфичната заштита на стекнатиот – нашиот имунолошки систем e изграден од милијарди клетки за чие правилно дејство е најважен добриот баланс.

Производите на Форевер за кои Холи зборуваше на 5 септември, се грижат токму за одржувањето на таа рамнотежа во телото. Тие не се наменети за еднократна употреба кога ни се потребни, туку претставуваат основни секојдневни додатоци за секој начин на живот. Да видиме кои се тие.

Forever Active Pro-B

Одамна не е тајна дека доброто здравје на цревата е задолжително за силен имунитет. Пробиотските бактерии се грижат микрофлората во телото да работи во наша корист. Многу луѓе мислат дека целта на добрите бактерии е да ги убиваат лошите, а всушност лактобацилите и бифидобактериите доставени од пробиотиците не се агресивни и не се способни да уништуваат други микроорганизми. Идејата на овој вид на производи е да достават корисни бактерии со висока способност да ги колонизираат цревата и на тој начин да ги истиснат микробите кои не се корисни за човечкото тело – едноставно не им оставаат место каде да виреат.

Форевер актив про-Б го прави токму тоа и тоа на клинички докажан начин, со тоа што секоја капсула ни обезбедува над осум милијарди единици кои формираат колонии, од шест синергични соеви на бактерии – бифидобактериум лактис , лактобацилус рамнозус 19070-2 , лактобацилус реутери 12246 , лактобацилус ацидофилус , бифидобактериум лонгум и бифидобактериум B-бифидум.

Двете бактерии со број по нивното име претставуваат специфични соеви, клинички тестирани на Универзитетската болница во Копенхаген. Според овие студии, тие имаат висока стапка на преживување и добра врзаност на лигавицата на цревата. Тоа значи дека се специјално избрани да стигнат до цревата и таму да формираат големи и долготрајни колонии. Овие уникатни соеви се дополнети со четири други, вклучително и нов вид на бифидобактериум бифидум, позната по способноста да го произведува ензимот лактаза. Секој од соевите содржани во производот, има свој „пасош“ со ДНК профил и информации, регистриран во меѓународни научни бази на податоци.

Модерната криогена технологија длабоко ги успива корисните бактерии во производот и така ги заштитува од активирање пред да стигнат до дигестивниот систем. Вредните пробиотици се заштитени и од специјалното пакување со Activ-Vial™ технологија, што им обезбедува оптимална средина за складирање.

Aloe Vera Gel

Пијалакот со 96,2% чист гел од внатрешноста на листовите на алоето е идеален сопатник на Форевер актив про-Б, бидејќи делува како пребиотик, обезбедувајќи храна за корисните бактерии. Така Гелот од aлое вера го дополнува дејството на пробиотикот, а дополнително го поддржува варењето и ја подобрува апсорпцијата на нутриенти.

Богатството на хранливи материи во неговиот состав е одлично и за кожата, косата и ноктите, а уникатниот полисахарид ацеманан придонесува за поддршка на имуниот систем. Всушност, токму ацемананот е еден од клучните маркери со чија помош Меѓународниот научен совет за алое го одредува квалитетот на алое вера производите. Гелот на Форевер содржи речиси двојно повеќе ацеманан отколку што е потребно за сертификација од страна на МНСА.

Нашите алое пијалаци можат да се пофалат и со висока содржина на витамин C, познат по неговата способност да придонесува за нормалната функција на имуниот систем и за нормален тек на метаболизмот и производството на енергија.

Forever Argi+

И ако не сте изненадeни што ги поврзуваме претходните два производа со поддршката на имунитетот, ARGI+ можеби ќе ве натера да се замислите. Растворливиот додаток на исхрана ја испорачува аминокиселината L-аргинин заедно со хранливи материи кои дополнително го поддржуваат производството на азотен оксид во телото. Азотниот оксид е соединение кое им помага на крвните садови да се релаксираат и отворат широко за подобра циркулација на крвта. А токму циркулаторниот систем доставува кислород и хранливи материи до сите органи за тие да функционираат правилно. Циркулаторниот систем ги транспортира и клетките на имунолошката одбрана од органите во кои тие се формираат, за да стигнат до секое место во телото нападнато од патогени.

Покрај тоа, ARGI+ содржи и сопствена овошна мешавина, богата со полифеноли со антиоксидантно дејство, како и витамински комплекс кој ги вклучува витамините D, C и B12, кои придонесуваат за нормалната функција на имунолошкиот систем.

Два од тие витамини – С и В12, се растворливи во вода, што значи дека кога ќе влезат во течност постепено започнуваат да се разградуваат. Затоа е важно да запомните дека ARGI+ треба да се испие до 30 минути по растворање на ќесичката. Можете да го растворите во Гелот од aлое вера, вода, овошен сок и да го додавате во смуди и шејк, а најдобро е пијалакот да е ладен.

ARGI+ испорачува хранливи материи, алоето ја подобрува нивната апсорпција, а Active Pro-B создава идеална средина за поддршка на испорачаното.

Forever Calcium

Малку неочекуван производ кога зборуваме за одбраната на телото, но всушност коскената срцевина е еден од централните органи на имунолошкиот систем. Множество имунолошки клетки со различна функција се формираат и созреваат токму во коскената срцевина. Затоа треба да се грижиме за здравјето на коските во секоја возраст, а добро знаеме дека најзастапениот минерал во човечкото тело – калциумот, е задолжителен за нивната добра состојба.

Нашите коски и заби постојано складираат близу 99% од калциумот во телото и тој ја одржува нивната цврстина. Останатиот 1% од минералот го користат ткивата и крвта за процесите на размена на материите на клеточно ниво, за функционирањето на срцето и мускулите, како и за активноста на нервите. Незаменливиот еден процент се добива преку храната, а ако недостасува во неа, се извлекува од коските што ги ослабува. Постепената загуба на коскената супстанца како резултат од исхрана сиромашна со калциум со текот на времето коските ги прави кршливи, со помала густина и склони на фрактури.

Освен калциумот кој придонесува за нормалната состојба на коските, а тие како што разбравме се важни за формирањето на имунолошки клетки, во Форевер калциум има и два важни витамини – C и D, плус цинк. Сите придонесуваат за нормалната функција на имунолошкиот систем и го прават Форевер калциум одличен производ за поддршка на одбранбените механизми на телото.

Forever Lite Ultra

И последниот производ од асортиманот на Форевер, кој Холи ни го препорача, е шејкот Форевер Лајт ултра со аминотеин . Неговата содржина е богата со хранливи материи, од кои голем дел придонесуваат за функцијата на имунитетот – витамините А, С, D, В6 и В12, фолат, цинк и селен. Освен вредните нутриенти, Форевер Лајт ултра со аминотеин обезбедува и по 17 г протеини во порција, а токму тие се градбените елементи на организмот и имаат важна улога за регулирање на процесите во него. Самите антитела или имуноглобулините, кои се едни од особено важните имунолошки клетки, всушност се гликопротеини. Во одбранбениот систем на организмот има и други протеински клетки како цитокините, кои широко се користат во меѓуклеточната комуникација.

Внесувањето на соодветни количини протеини ќе ни даде издржливост и енергија, за да не се изморуваме. Растворајте по две дозерки во вода, млеко или растителен напиток по избор, за да си обезбедите протеини и хранливи материи. Можете да пиете Форевер Лајт ултра со аминотеин пред и по тренинг, а ако имате шејкер, тој може да биде со вас насекаде.

Грижете сѐ за вашиот имунолошки систем, за да може и тој да се грижи за вас и да ве заштити од несакани надворешни напади!

Споделете со пријатели:

Нагоре