Почестете сѐ и себе за Нова година

Форевер Бугарија

Празничниот дух веќе се чувствува насекаде. Мирисот на цимет се шири низ воздухот, а шарените новогодишни светилки трепкаат од сѐ повеќе излози и прозорци. Новогодишната сезона носи една фина магија која нѐ повикува да се насмееме, да се опуштиме и освен за подароците за блиските и пријателите, да размислиме како да се наградиме и себе си.

Веруваме дека Форевер ќе присуствува и под елката, и на вашата трпеза, но нека биде дел и од вашиот личен ритуал за добро здравје, тонус и широка насмевка оваа сезона. Веројатно имате лични фаворити кои се неизбежен дел од вашиот секојдневен режим на исхрана, лична хигиена или нега на кожата, но за празниците ве покануваме да се почестите со нешто различно. Изберете производ кој не сте го пробале досега, без оглед од која категорија ќе биде. Пробајте нов додаток за секојдневна употреба како вкусните Immune Gummy или пак Forever iVision, додадете Aloe MSM Gel на секојдневната нега за телото, богатиот infinite by Forever™ restoring crème, раскошниот еликсир за кожа Alpha-E Factor или Forever Marine Collagen – вие избирате. Овој избор нека биде гест на благодарност кон вас самите за трудот во текот на целата година. Изберете го така што ќе ви донесе вистинско задоволство.

Еве уште неколку идеи…

ALOE PROPOLIS CREAM

Разгалете ја вашата кожа со овој богат, смирувачки крем. Вашата кожа ќе биде мека и сјајна дури и во зимскиот студ.

FOREVER AXTIVE PRO-B

Подгответе сѐ за сезоната со Active Pro-B кој ви гарантира дека ќе можете да уживате смирено во празничните гозби. Балансирана патентирана комбинација од шест клинички проучени пробиотски соеви за поддршка на дигестијата, подобрување на апсорпцијата на нутриенти и поддршка на имунитетот.

C9

Подарете сѝ нов почеток! Започнете ја новата година чувствувајќи се освежено и подготвено за нови предизвици со оваа програма за трансформација.

ARCTIC SEA

Еден од најдобрите омега-3, EPA и DHA додатоци на исхрана – совршен придружник на вашето срце, за да се чувствувате супериорно додека празнувате со вашите најблиски.

ALOE COOLING LOTION

Танцувајте во празничниот ритам! Смирувачкиот алое лосион е вашиот „масер“ овој Божиќ – ќе ви обезбеди моментално ладење и ќе ги одмори напрегнатите мускули.

Ви ветуваме дека ќе се почувствувате посебни и добро наградени! Ви ветуваме дека ова ќе ви донесе не само лична корист, бидејќи по седмица-две ќе можете самоуверено да ги споделувате квалитетите на уште еден од производите на Форевер. И кога ќе ве прашаат: „Тебе што те израдува оваа Нова година?“, ќе имате повод да раскажете за магијата на Форевер.

Нека вашите празници бидат весели, светли и исполнети со насмевки од Форевер!

Споделете со пријатели:

Нагоре