www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 207
500 г
Цена: 1020 ден.
Forever Bee Honey
Пчелен мед
ОПИС И СВОЈСТВА
Пчелата лета од цвет на цвет и го собира нектарот кој е богат со материи, го задржува за кратко за да се измеша со нејзините ензими и потоа го става медот во кошницата.
Со векови човекот го сметал медот како првокласна природна храна – вистинско хранливо богатсво кое лесно се вари во организмот како кај децата, така и кај возрасните.
Медот содржи мноштво хранливи материи кои му се потребни на организмот да го одржи доброто здравје, вклучувајќи 78% шеќери (гликоза, фруктоза и сахароза), влага и други материи (минерали, витамини, ензими, протеини и аминокиселини).
Пчелниот мед Forever Bee Honey е собиран во високо планински пустини во Западниот дел на Соединетите Американски Држави и содржи целосно природни состојки. Има прекрасен вкус, хранлив е, исполнет со најдобрите природни материи и обезбедува приближно 100 калории во 30 г тежина.
Во секое време медот претставува вкусен и совршен природен засладувач. Богат со јаглехидрати и минералите калциум и фосфор, пчелниот мед Forever Bee Honey дава енергија за секакви случаи бидејќи брзо ги стабилизира и зголемува енергетските нивоа, со што го ублажува уморот. Корисен е за луѓето со слаб систем за варење бидејќи шеќерот во медот е претходно обработен. На тој начин шеќерите директно се апсорбираат без да има потреба од варење во гастроинтестиналниот тракт.
 
СОСТАВ
Чист мед
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Користете го самостојно или како замена за шеќер.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Пакување кое не дозволува загуба на драгоцените материи под влијание на сончевите зраци.
  • Богат со јаглехидрати и минералите калциум и фосфор.
  • Мошне брзо ја враќа изгубената енергија.
  • Природен засладувач.
  • Лесно се вари во организмот.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org