Код: 312
30 пакетчиња во кутија
Цена: €25.93
|
Forever CardioHealth with CoQ10
Форевер кардио здравје
ОПИС И СВОЈСТВА
Новиот производ на Форевер со коензим Q10 претставува специјална формула во прав, создадена за растворање во гелот од алое на ФЛП. Тој е извор на три важни состојки, кои го потпомагаат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Витамините од В комплексот го одржуваат здравото ниво на хомоцистеинот во организмот, коензимот Q10 допринесува за функциите на клетките , а антиоксидантите се борат со слободните радикали. Заедно овие состојки имаат потенцијал да го потпомогнат правилното функционирање на кардиоваскуларниот систем.
Една кутија содржи 30 пакетчиња, одделно спакувани, а
секое од нив секој ден ќе ве снабдува со:
Q 10 претставува ензим, кој се произведува од човечкиот организам и е неопходен за основните функции на клетките, вклучувајќи ги и тие на срцето и крвните садови. Според испитувањата, нивото на Q 10 се намалува со напредувањето на возраста, а всушност ние тогаш имаме и најголема потреба од него. Освен незаменливата функција поврзана со енергетската ефективност на телото, коензимот Q 10 има докажани својства на антиоксидант, ги штити клетките од штетното дејство на слободните радикали. Се тврди дека има позитивен ефект на имунолошкиот систем, а во Јапонија се користи и за заштита на лигавицата на стомакот и дванаесетпалачното црево. Според многу испитувања, усвојувањето на коензимот Q 10 како додаток во исхраната, доколку организмот е во состојба на голем дефицит, значително ќе ја подобри фунцијата на срцето, мускулите и мозокот. Се смета дека степенот на апсорбција зависи од степенот на недостиг-колку е поголем недостатокот од СоQ 10, толку поефективен е неговиот прием како додаток во исхраната. Дополнителните извори на коензимот, како што е Форевер кардио здравје, имаат потенцијал да го зголемат чувството за енергија, издржливотст како и за општа добра состојба.
Новиот додаток во исхраната на Форевер ги поткрепува функциите на кардиоваскуларниот систем, со тоа што допринесува за одржување на здраво ниво на хомоцистеинот во крвта. Хомоцистеинот е аминокиселина која се создава во организмот за време на метаболизмот. Доколку неговото ниво се зголеми, тогаш тоа се поврзува со зголемен ризик од инфаркт, фрактури на коските и намалување на функцијата за помнење. Во здравиот организам хомоцистеинот има многу мал рок на постоење, но доколку неговата биохемиска преобразба во клетките биде задржана, тој ќе се наталожува во крвта, ќе оксидира и настанатите слободни радикали ги уништуваат клетките на крвните садови. Тие ја губат еластичноста, и се намалува нивната способност за нормално проширување. Биохемиското преобразување на хомоцистеинот се намалува со возраста, особено над 50 години. Докажано е дека витамините В6, В12 и фолната киселина имаат својство да го одржуваат нивото на хомоцистеинот во ниски нивоа корисни за нашиот организам. Тоа помага во правилната функција на срцето и крвните садови.
Форевер кардио здравје содржи и одбрани билни екстракти, почнувајќи од семе од грозје, куркума, бозвелија и листови од маслинка. Според различни испитувања овие растителни додатоци со антиоксидантно дејство исто така имаат корисни својства за здравјето на крвниот систем. Кон се што веќе наведовме, ги додадовме минералите магнезиум и хром кои се корисни за срцето, плус лецитин кој е познат по своите својства да ја штити внатрешноста на крвните садови и да ги раздвижува масните наслаги наталожени во нив, како и моќните антиоксидантни витамини С и Е .
Ова богатство од корисни хранливи материи растворете го во вашата следна чаша со гел од алое.
Чудесните листови на алое соржат повеќе од 200 корисни соединенија. Производ на патентираниот процес за стабилизирање на ФЛП, гелот од алое вера е претпочитан од луѓето кои сакаат да го одржуваат здрав системот за варење и да бидат исполнети со енергија. Со Форер кардио здравје треба само да ја сипете содржината од пакетчето во чаша алое, да промешате и да го испиете-тоа е најмалку што можете да направите за мускулот кој се стега приближно 100 000 пати на ден. Покажете му на вашето срце дека неможете да живеете без него. Дајте му поддршка која ја заслужува со новиот производ “Форевер кардио здравје” од Форевер Ливинг Продактс.
СОСТАВ
Витамин С (како аскорбинска киселина), витамин Е (како d-алфа токоферол), витамин В6 (како приридоксин хидрохлорид), фолат (фолна киселина), витамин В12 (како цианкобаламин), магнезиум (како магнезиум цитрат), хром (како хромен хлорид), коензим Q 10, екстакт од семе од грозје, екстракт од куркума (Curcuma longa), прав (корен), екстракт од бозвелија (Boswellia serrata) (смола), екстракт од листови од маслинка, соин лецитин.
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Фруктоза, микрокристална целулоза и силициев диоксид. Содржи соја.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Внимателно промешајте ја содржината од едно пакетче во 120 мл. гел од алое вера (или друга течност). Конзумирајте по едно пакетче на ден.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Создаден за лесно растворање во гел од алое вера.
- Обезбедува конезим Q 10, кој е неопходен за основните функции на клетките.
- Соржи билни екстракти кои се корисни за срцето, минерали, лецитин и антиоксидантни витамини.
|