www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 462
4,25 г
Цена: 262 ден.
Forever Sun Lips
Форевер сан липс
ОПИС И СВОЈСТВА
Често нежната кожа на усните страда од штетното влијание на сонцето, ветерот и студот. Таа станува чувствителна, се суши и пука. Заштитата на усните од агресијата на околната средина е важна исто колку и заштитата на кожата. Откако ќе се погрижиме за лицето и телото, често пати ги забораваме нашите усни. Смирувачкиот балсам Форевер сан липс ќе ви помогне да ги заштитите вашите усни од сонцето и ветерот и ќе ги лади со свежата арома на ментол!
Важно е да се запамети дека сончевите изгореници не се белег само на летните месеци, туку можат да ни се случат во секое време од годината. Тие може да бидат далеку поболни и понепријатни во студеното и суво зимско време. Широкоспектарниот заштитен фактор 30 на Форевер сан липс штити од изгореници, бидејќи ги блокира UVA и UVB зраците. Нанесен пред изложување на сонце и повторно по потреба, Форевер сан липс ги штити усните од ултравиолетовите зраци, ја смирува кожата и го ублажува чувството на иритација и сувост.
Маслото од јојоба е познато со хидратантните својства и придонесува за омекнување на кожата на усните. Алое вера смирува и хидратира. Алантоинот исто има способност да ја ублажува чувствителната кожа, а разладувачкиот ефект на ментата дополнително ја намалува дразбата.
Редовната употреба на Форевер сан липс ќе им помага на вашите усни да се регенерираат и ќе ги штити од напукнување. Смирувачките состојки штитат од сонце, ветар и студ, ублажуваат чувствителна, зацрвенета и воспалена кожа. Форевер сан липс идеално ќе се вклопи во секојдневната лична нега.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесувајте пред изложување на сонце или кога вашите усни имаат потреба од хидратирање. Нанесувајте одново при потреба.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Заштитен фактор 30.
  • Широкоспектарна заштита - UVA и UVB зраци.
  • Потхранувачко масло од јојоба и смирувачко алое вера.
  • Свежо чувство на ментол.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org